Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Безживотното тело на познатата српска водителка Бојана Јанковиќ (поранешна Николиќ) (1977) е пронајден вечерва околу 19 часот во стан во Белград, на улицата Ѓуре Даничиќа, во Стариот град. Сè уште не е позната причината за смртта на познатата водителка, но според информациите на телото нема видливи траги на насилство. Неофицијално, итната помош ја констатирала смртта на Бојана околу 19 часот. Телото на познатата водителка е пренесено во Институтот за судска медицина. Медиумите во Србија пишуваат дека водителка Јанковиќ, е поранешна сопруга на Огњен Јанковиќ. Бојана се прослави како водителка на популарната емисија „Град“ на ТВ Пинк.

Треба да знаете
Последни објави