Search

Европа ќе има нов фудбалски владетел

Европа ќе добие нов фудбалски владетел, откако вечерва актуелниот Манчестер сити на „Етихад“ по 120 минути игра, на крајот во пенал-рулетот беше исфрлен од трката за одбрана на трофејот од Реал Мадрид (1:1 – 3:4). Првиот натпревар во Мадрид заврши без победник 3:3. Најтрофејниот во елитното клупско континентално натпреварување Лигата на шампионите, Реал во полуфиналето ќе игра против Баерн Минхен.

 Херој на „кралскиот клуб“ е голманот Андриј Лунин кој ги одбрани ударите од белата точка на Бернардо Силва и Матео Ковачиќ во втората и третата серија. За Реал непрецизен беше Лука Модриќ. Елиминацијата на Сити е болна за англискиот тим бидејќи беше подобриот тим. Реал поведе во 12. минута преку Родриго, а се понатаму диктираше домашниот тим. За 120 минути игра упати 34 шута од кои 11 во рамките на голот, изведе 18 корнери, наспроти само еден на противникот, ама само еднаш ја затресе мрежата на Реал и тоа преку Де Брујне во 76. минута.

Треба да знаете
Последни објави