Search

Ова се најлошите и најдобрите аеродроми во светот

Секоја година, германскиот портал за права на патници во воздушниот сообраќај „Ерхелп“ составува рангирање на најдобрите и најлошите аеродроми во светот, врз основа на различни критериуми како точност, квалитет на услугата и опсег на храна и продавници.

Во пресрет на претстојната празнична сезона, Германците собираат впечатоци од минатогодишните патувања. Откажаните летови, долгото чекање и недостатокот на чистота се само неколку фактори кои можат да го расипат расположението на патниците.

Најголемиот германски онлајн магазин за патувања „Travelbook“ известува за најлошите и најдобрите аеродроми во 2023 година.

Во својата методологија „Ерхелп“ објаснува дека ги исклучува аеродромите за кои „не може да се добијат податоци“. Покрај тоа, рангирањето ги вклучува само „најпознатите и најпрометните аеродроми во светот“.

Десетте најлоши аеродроми во светот се:

1. Меѓународен аеродром Банџармасин Сиамсудин Ноор (Банџармасин, Индонезија)

2. Меѓународен аеродром во Малта (Малта)

3. Лондонски аеродром Гетвик (Лондон, Велика Британија)

4. Аеродром Хумберто Делгадо во Лисабон (Лисабон, Португалија)

5. Аеродром Никола Тесла во Белград (Белград, Србија)

6. Меѓународен аеродром Денпасар (Бали, Индонезија)

7. Меѓународен аеродром Торонто Пирсон (Торонто, Канада)

8. Софиски аеродром (Софија, Бугарија)

9. Аеродром Марсеј Прованса (Марсеј, Франција)

10. Меѓународен аеродром Халим Перданакусума (Џакарта, Индонезија)

Десетте најдобри аеродроми во светот се:

1. Меѓународен аеродром Мускат (Мускат, Оман)

2. Ресифе/Гуарапес – Меѓународен аеродром Гилберто Фреире (Ресифе, Бразил)

3. Меѓународен аеродром Кејп Таун (Кејп Таун, Јужна Африка)

4. Бразилија – Меѓународен аеродром Президенте Јуселино Кубичек (Бразилија, Бразил)

5. Меѓународен аеродром во Доха Хамад (Доха, Катар)

6. Меѓународен аеродром Осака Итами (Осака, Јапонија))

7. Меѓународен аеродром Белем/Вал-де-Канес (Белем, Бразил)

8. Меѓународен аеродром Бело Хоризонте Танкредо Невес (Бело Хоризонте, Бразил)

9. Меѓународен аеродром Токио Нарита (Токио, Јапонија)

10. Аеродром Амами (Амами, Јапонија)

Треба да знаете
Последни објави