Search

Мајкрософт: Започнаа руските онлајн кампањи насочени кон изборите во САД

Руските онлајн кампањи за влијание на претстојните претседателски избори во Соединетите Американски Држави (САД) одеа „со полна пареа“ во последните 45 дена, но со побавно темпо отколку на последните избори, објави Мајкрософт.

– Сметките поврзани со Русија шират поделена содржина насочена кон американската публика, вклучително и критикување на поддршката за Украина во нејзината војна со Русија – се наведува во извештајот на истражувачите на Мајкрософт, пишува Ројтерс.

Руската амбасада во Вашингтон не одговори на барањето за коментар, но Кремљ минатиот месец соопшти дека нема да се меша во ноемвриските избори во САД.

Тој, исто така, ги отфрли американските обвинувања дека организирал кампањи за да влијае на претседателските избори во САД во 2016 и 2020 година.

Иако руската активност што ја забележа Мајкрософт не е толку интензивна како на претходните избори, истражувачите проценуваат дека таа би можела да се интензивира во наредните месеци.

„Пораките поврзани со Украина – преку традиционалните медиуми и социјалните мрежи – беа измешани во текот на изминатите два месеци со мешавина на тајни и отворени кампањи од најмалку 70 видови активности поврзани со Русија што ги следиме“, oобјави Мајкрософт.

Најплодната од таквите кампањи е поврзана со руската претседателска администрација.

Втората е насочена кон објавување на дезинформации на Интернет на различни јазици, каде што објавувањата обично започнуваат со очигледен свиркач или граѓански новинар кој поставува содржина на видео канал.

Треба да знаете
Последни објави