Search

Иран го информираше САД дека не бара „ескалација на тензиите“

Највисокиот ирански дипломат денеска нагласи дека неговата земја ги информмирала САД дека не бара ескалација по нападот врз Израел.

Исламската република го изврши својот прв директен напад врз Израел, истрелајќи беспилотни летала и проектили за време на викендот.

Министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан, кој е во Њујорк за да присуствува на состанокот на Советот за безбедност на ОН, рече дека неговата земја „се обиде јасно да им каже на САД“ дека Иран „не бара проширување на тензиите во регионот“, се вели во видеото објавено од неговото министерство.

Иран и САД немаат дипломатски односи од 1980 година, но неутралната Швајцарија ги застапува интересите на Вашингтон во Иран.

Според Амир-Абдолахиан, Иран комуницирал со Вашингтон „пред и откако“ го започнал нападот врз Израел.

Иран ги информираше САД дека одлуката на Исламската Република Иран да „одговори на режимот (Израел) е конечна“, и работата заврши, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави