Search

Германскиот вицеканцелар пристигна во Киев придружуван од деловна делегација

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек пристигна денеска во Киев во посета фокусирана на руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина, итната помош и зајакнувањето на економијата на земјата, јави ДПА.

Хабек, кој ја извршува и функцијата министер за економија, е придружуван од деловна делегација. Патувањето доаѓа додека Германија се подготвува да ја одржи следната Конференција за закрепнување на Украина во Берлин на 11 и 12 јуни. Германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски се заеднички домаќини на меѓународната средба.

По пристигнувањето Хабек рече дека посетата се одржува во време кога на Украина и е потребна сета поддршка што може да ја добие во нејзината „борба за слобода“.

-Да, Украина се бори за сопствено самоопределување, за својот територијален интегритет против агресијата на (рускиот претседател Владимир) Путин, но се бори и за вредностите што ја обединуваат и ја карактеризираат Европа, рече тој.

Во Киев, Хабек меѓу другите ќе се сретне со Зеленски, вицепремиерката и министерка за економија Јулија Свириденко и министерот за енергетика Герман Галушченко. 

Треба да знаете
Последни објави