Search

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ ги лаже граѓаните дека нема да го смени Уставот

Говорејќи вечерва пред граѓаните на Гостивар, претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ, актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаков план за тоа што ќе прави во делот на евроинтеграцијата и досега постигнатите договори со соседите. „Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што не вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имате ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат.“ рече Пендаровски. „ВМРО-ДПМНЕ на странци им ветува дека ќе направи измени на Уставот, а граѓаните ги лажат без усул“, потенцираше Пендаровски. Тој ги коментираше и изјавите на германскиот пратеник Бајер кој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е за уставни измени ,,Доаѓа тука во Македонија нивниот пријател од Германија од нивната сестринска партија и вели, по разговорите со раководството на таа партија, ВМРО-ДПМНЕ добив недвосмислен впечаток дека тие се за уставни промени. Значи Германецов еден состанок направил со своиве другари и тие му признале тоа што не го признаваат со години пред македонскиот народ и пред македонските граѓани”, рече Пендаровски. Пендаровски се осврна и на програмата на Силјановска Давкова каде стои дека НАТО е гаранција за безбедноста на Македонија, а дека истата таа се противела на Договорот од Преспа.

Треба да знаете
Последни објави