Search

Во Германија уапсени 10 лица, за многу пари на богати странци им обезбедувале дозволи за престој

Ширум Германија во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари обезбедувале дозволи за престој во Германија за богати странци од Кина и арапските земји.

„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни членови на шверцерската банда и против 147 други лица кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на градот Санкт Августин, веднаш до Келн, кој ја води операцијата.

Осомничените се товарат дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за поголеми суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.

Весникот Билд пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот на Рајнска област кои за пари издавале дозволи за престој. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.

Треба да знаете
Последни објави