„Се’ изгледа како сцена од некој апокалиптичен филм, се’ е во застој. Никој не очекуваше ваква ситуација. Мештаните ми велат дека вакви поплави немало во последните 75 години“, вели белграѓанка за српски „Блиц“, опишувајќи ги драматичните сцени од поплавениот Дубаи. Како што сведочи, целиот град е потопен, па туристите не излегуваат надвор бидејќи мештаните ги известиле за забраната за движење. „Авионите не можат да полетуваат поради поплавената писта, градот стана една голема река и нема каде да одиме. Метрото е целосно под вода“, сведочи таа. „Тука е целосен хаос, градот е под вода. Луѓето се во паника, ова навистина е надвор од контрола“, додава.
Dubai airport. Airplane takes off on a flooded runway. pic.twitter.com/BRit91ui1h
— Stoic Q🇺🇸 (@DUC916KEN) April 17, 2024
Патиштата околу аеродромот се поплавени.
Dubai is flooded. Why? pic.twitter.com/e2eV6iv8Yx
— Minhajul islam (@Minhajulis46938) April 17, 2024