Search

Џон Бон Џови најави крај на пеењето на концерти

Во март, американскиот пејач Џон Бон Џови го најави 16-тиот студиски албум на неговата група Бон Џови наречен „Засекогаш“, кој ќе биде објавен на 7 јуни.

Тој изјави дека „завршил“ со пеењето на концерти доколку тоа продолжи да му пречи откако пред две години имаше операција на гласните жици, објави британскиот портал Стандард.

Фронтменот на Бон Џови неодамна настапи на галата MusiWares во Лос Анџелес, Калифорнија во февруари.

-Ако пеењето не е одлично, ако не можам да бидам типот што бев… тогаш завршив. И јас сум во ред со тоа – рече тој.

Американскиот пејач истакна дека има голема разлика помеѓу пеење во студио и одење на турнеја.

-Само што снимивме нов албум. Секој ден пеам на вокална терапија. Но, сакам да настапувам два ипол часа навечер, четири ноќи неделно, и знам колку можам да бидам добар, па ако не можам да бидам тој човек… вака кажано, не мора да бидам дебел Елвис – изјави Џон Бон Џови.

Треба да знаете
Последни објави