Search

Силјановска Давкова е најмалку присутна во сопствената кампања

Измина првата половина од кампањата за претседателките избори чиј прв круг ќе се одржи на 24 април.

Најголемите фаворити за влез во вториот круг Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, исто како и останатите пет кандидати за претседател секојдневно се со предизборни активности и посетуваат населени места ширум државата.

За разлика од Пендаровски кој им се обраќа на граѓаните на сите населени места од најмалото село до главниот град Скопје, кај Силјановска Давкова како да има однапред подготвена селекција за тоа каде таа ќе се обраќа.

Па така, од досегашната помината агенда, Давкова се нема обратено или некаде се нема појавено во над 10 населени места.

Вевчани, Македонски Брод, Босилово, Василево, Зрновци, Демир Капија, Теарце, Долнени, Јегуновце, Новаци…се само дел од општините каде Давкова не се обратила или воопшто не се присуствувала на закажаните митинзи и средби со граѓани.

Но и онаму каде што се појавува и се обраќа, а тоа се централните вечерни митинзи, Давкова е во втор план.

На секој централен митинг покрај Давкова зборуваа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во соодветната изборна единица во која се наоѓа конкретната општина.

Она што е очигледно е дека обраќањата на Мицкоски се значително подолги од оние на Давкова, Мицкоски и се следат со поголемо внимание и поголем жар од присутните.

Друга невообичаена пракса е што на централните митинзи, завршното обраќање го има Мицкоски, а треба да биде поинаку, односно Мицкоски треба да даде вовед на обраќањето на оној кој е кандидат за претседателските избори, во случајов тоа е Гордана Силјановска Давкова.

Инфериороноста на Давкова (која барем до почетокот на кампањата за парламентарни избори) треба да биде носител на кампањата, во однос на Мицкоски но и на другите високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и во нејзините рекламни спотови и секако на крајот од партиската комуникација на ВМРО-ДПМНЕ каде целосен фокус се става на Мицкоски.

Сето тоа сигурно е правено по проценка на експертите за односи си јавност кои се ангажирани на кампањата, но она што во јавноста се добива како впечаток е дека од сите кандидати Силјановска Давкова е најмалку присутна во сопствената кампања.

Треба да знаете
Последни објави