Search

Лавров и Амир-Абдолахиан сметаат дека може да се зголеми тензијата на Блискиот Исток

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Хосеин Амир-Абдолахиан истакнаа дека ескалацијата на ситуацијата и „провокативните дејствија“ може да ја зголемат тензијата на Блискиот Исток, соопшти руското Министерство за надворешни работи. -Забележано е дека натамошната ескалација на тензиите во регионот и новите, опасни провокативни дејства може да доведат до засилување на тензиите на Блискиот Исток, соопшти Министерството за телефонскиот разговор меѓу двајцата министри. Спречувањето на таквите сценарија и отстранувањето на нивните основни причини мора да биде приоритетна работа на Советот за безбедност на ОН, додаваат од руското министерство.

Треба да знаете
Последни објави