Search

Битиќи: Од 2017 година досега, Македонија се искачи за 80 места на Индексот за слобода на медиумите

Македонија има постигнато извонреден резултат, според организацијата на Репортери без граници. Таа е рангирана на 38 место во светот во Индексот за слобода на медиумите за 2023 година, стои во објавата на ФБ страната на вицепремиерот и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи.

„Откако СДСМ ја има преземено владата од 2017 година, Македонија е искачена за 80 места на глобалното рангирање, што ја претставува нашата непоколеблива определба за поттикнување на слободен и независен медиумски пазар.Ова достигнување ја одразува нашата посветеност на транспарентност, отчетност и демократски вредности,“ посочува Битиќи.

Тој повикува на понатамошно бранење на слободата на печатот, и да ги зачувување на овие вредности заедно.

Треба да знаете
Последни објави