Search

Професорката Силјановска се фали дека е експерт за уставно право и право на ЕУ а не знае дека ЕУ нема устав

Иако постојано се фали со своето познавање на правото, особено на уставното и на правото на ЕУ која таа и го предава на скопскиот Универзитет, професорката Гордана Силјановска Давкова, во неколку наврати на повеќе дебати и јавни настапи говори за европски устав. И на гостувањето на ТВ 24 таа го акцентира неговото значење.


“Јас велам дека ЕУ, ако сака да биде инспиративна и посакувана фамилија ако сака да биде заедница на демократија мора да си го почитува сопствениот устав.”

Имајќи ги превид фактите, претпоставка е дека или се работи за ненамерна грешка или пак за недоволно познавање на материјата, со оглед дека европски устав не постои. Иако предложен во 2005 година, тој не ја помина неопходната ратификација во Холандија и во Франција, каде уставот не доби поддршка на одржаните референдуми. Потоа, за да не се случи истото сценарио, Данска, Полска, Чешка, Португалија, Шведска и тогашна членка Велика Британија, ги одложија најавените референдуми за потврдување на европскиот устав.

Од тогаш, до денес, членките на ЕУ не успеajа да креираат устав како автономен акт, туку правната основа на ЕУ е содржана во Договорот за Европската Унија, Договорот за функционирањето на Европската Унија и Повелбата за фундаменталните права на ЕУ кои имаат еднаква правна вредност.

Треба да знаете
Последни објави