Search

Пендаровски: Македонија е земја на сите кои живеат во неа, овде никој не е газда и никој не е кираџија

Во изминативе седум ипол години Македонија имаше релативно стабилни меѓуетнички односи, порача на граѓански митинг во општина Центар, кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Паметите во времето на режимот од тепачките во јавниот транспорт, од тепачките на Кале, кога две етнички заедници, младите од тие етнички заедници се судираа, сега такви работи нема. Индивидуални случаи да, меѓутоа на системско ниво тоа повеќе не е случај. Зошто? Затоа што имаме таков договор, имаме такво разбирање дека Македонија е земја на сите кои живеат во неа и дека никој овдека не е газда, не е кираџија. Сите сме еднакви и рамноправни, така било и така ќе остане“ порача Пендаровски.

Тој истакна дека го одржал ветувањето дадено пред пет години дека ќе биде претседател кој ќе обединува а не оној кој ќе ги продлабочува поделбите во општеството.

Треба да знаете
Последни објави