Search

Повредени осум лица во сообраќајка, возачите имале 17 и 19 години

На 09.04.2024 во 23.45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локалниот пат од с.Лисичани за с.Пласница во близина на с.Лисичани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди” со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17 годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра” со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од с.Лисичани-кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево. 

Треба да знаете
Последни објави