Search

Украинец осомничен за убиство на четворица бездомници во Варшава

Граѓанин на Украина е осомничен за убиство на четворица бездомници чии тела биле пронајдени во напуштена зграда во центарот на Варшава.

Полицијата досега приведе седум лица, но според првичните податоци убиството го извршил Украинец, пренесува Укринформ повикувајќи се на RMF24.FM.

Според полициското соопштение, Украинецот ги убил овие лица и нивните тела ги сокрил во напуштена зграда каде што имаа засолниште за бездомниците.

Мотивите за овие злосторства засега се непознати, но полицијата претпоставува дека се работи за пресметка меѓу бездомници Полјаци и Украинци.

Полицијата се уште не успеала да ги идентификува жртвите, за кои се знае само дека се мажи. Според полицискиот извештај, телата на две жртви биле пронајдени во неделата, а уште две во понеделникот во состојба на тешко распаѓање.

Некои од убиените се пронајдени закопани во дворот на зградата, а други на различни катови.

Во врска со овој случај приведени се седум мажи и жени, врз основа на нивните сведочења, приведен е и државјанин на Украина како осомничен за четири убиства.

Други осомничени можеле да бидат сведоци на овие злосторства. Случајот го води локалното обвинителство, а засега нема индиции дека во оваа куќа има повеќе тела.

Треба да знаете
Последни објави