Search

Пендаровски е за реален тв-дуел со Мицкоски, а не за фингиран со Силјановска Давкова

На вечерашниот митинг во Делчево кандидатот за претседател на коалицијата предводена од СДСМ, актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски запрашан за телевизиските дебати со противкандидатите соопшти дека не е договорено да се одржи ниту едно соочување пред јавноста. -Јас бев првиот од седумте кандидати кој уште пред 20 дена предложи т.н. мастер дебата. Сите седуммина, пред сите телевизии да имаме најмалку две соочувања пред првиот круг и тие што ќе поминат во вториот круг уште една потоа. Меѓутоа од страна на најголемата опозициона партија прво бевме одбиени бидејќи побараа двајца од кандидатите да не учествуваат. После се пишманија, меѓутоа потоа три од најголемите телевизии, најгледани телевизии во Македонија се откажаа, не знам од кои причини, рече Пендаровски и додаде дека е подготвен да се соочи со ривалите во кое било време, на кој било терен, на која било телевизија. -Меѓутоа, јас сакам вечерва да предложам да имаме вистински дуел, да има реален дуел, не фингиран дуел. Јас предлагам вечерва да излезам на дуел со Христијан Мицкоски, бидејќи очигледно тој е кандидат за претседател. Госпоѓата Силјановска не ја гледаме каде е, порача Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави