Search

За време на пожарот во Универзална Сала немало работници, вели фирмата изведувач на реконструкцијата

Пред малку се запали објектот на Универзална сала во Скопје кој е во фаза на реконструкција.

На терен излегоа бројни екипи на проитвпожарната единица и полицијата а станарите од најблиските згради беа времено евакуирани.

24инфо.мк побара став од фирмата изведувач на проектот за реконструкција за можните причини за настанување на пожарот.

„Во моментот на пожарот, освен обезбедувањето не е присутен ниту еден работник од фирмата изведувач. Привчна претпоставка е дека пожарот се случил поради старата електрична инсталација. Согласно Законот и согласно условите во тендерот објектот е соодветено осигуран“ изјави Лазар Арсовски, сопственик на компанијата Универзал-Балкан Скопје, изведувач на реконструкцијата.

Пожарот е локализиран, а истрагата треба да ги даде одговорите како тој настанал

Треба да знаете
Последни објави