Search

Јапонија: Пет лица починаа, речиси 200 се во болница поради штетен суплемент за намалување холстерол

Пет лица починаа, а 196 се хоспитализирани во Јапонија поради неисправен додаток во исхраната наменет за намалување на штетниот холестерол.

Законот во таа земја ја признава категоријата таканаречени „функционални прехранбени производи“ кои можат да се купат без лекарски рецепт и не се клинички тестирани, но делумно ја извршуваат функцијата на официјално признати лекови.

Еден од нив е додатокот во исхраната „koleste help“, што значи „холестерол помага“, од компанијата „Кобајаши“, кој се прави од ферментиран црвен ориз и чија цел е да го намали присуството на штетниот ЛДЛ холестерол и триглицеридите во крвта, а со тоа привремено го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар.

Таа подготовка, пак, од крајот на март до денес предизвика смрт на пет лица. Сите жртви имале откажување на бубрезите.

Во болницата биле примени уште 196 лица, додека речиси 1.200 биле прегледани.

Еден пациент е регистриран и во соседен Тајван.

Првата поплака до компанијата со седиште во Осака за ефектите од додатокот од ферментиран црвен ориз дојде од лекар во средината на јануари, но тие не презеле ништо повеќе од два месеци.

Токму затоа што не го известила надлежното министерство и ги повлекле своите производи од продажба, експертите очекуваат строги казни и приватни тужби од граѓаните за обештетување.

Минатата година во Јапонија пазарот на таканаречените „функционални прехранбени производи“ достигна вредност од четири и пол милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави