Search

Хороскоп за 7 април: Совршен ден за Ракот и Рибите, непланиран трошок за Бикот

ОВЕН

Искористете го денешниот ден за да се фокусирате на себе. Време е да направите малку ретроспектива и да размислите што би можеле да направите во наредните денови, не само поврзано со деловниот сегмент, туку и со емотивните прашања кои донекаде ве мачат.

БИК

Транзитната месечина е на полето на пријателите и дружењето, па ова е вистински момент да се посветите на контактот со нив. Ќе си поминете повеќе од убаво, а единствената „мана“ на овој ден е што би можеле да потрошите непланирано голема сума пари…

БЛИЗНАЦИ

Енергијата на овој ден не ви одговара целосно, бидејќи ќе бидете поисцрпени од вообичаено. Можеби ќе ви треба повеќе одмор и би било добро да се посветите и да се обидете да се опуштите. Иако меѓу вас и партнерот се е во ред, кај вас владее латентно незадоволство.

РАК

Овој ден ќе биде еден од најубавите во последно време. Што и да посакате да правите, ќе ви оди од рака, а околностите ќе се уредат така што ќе ви ја „отворат вратата“ на она што го сакате. Во љубовта – целосна хармонија и разбирање со саканата личност.

ЛАВ

Некои промени во плановите кои ќе се случат нема да ве задоволат, но ќе се обидете да се вклопите во нив. Повеќе би сакале да се одморите, но ситуациите ќе ве повлечат на движење и активности. Сепак, нема да можете да се жалите – ќе ви биде мило што ги слушавте другите.

ДЕВИЦА

Транзитната Месечина е на полето на вашите сериозни партнерства и најдобро би било денешниот ден да го поминете во друштво на саканата личност. Ако сте осамени, не седете дома – треба да бидете отворени за дружење. Ќе видите колку лесно ќе остварите нови познанства.

ВАГА

Транзитната Месечина денес е на полето на вашето секојдневие, а со оглед на аспектите што ги прави – сигурно е дека ова нема да биде еден од оние здодевни денови…напротив…ќе бидете опкружени со некои драги лица , ќе се опуштите и ќе си поминете подобро од било кога !

СКОРПИЈА

Одлично и стимулирачко расположение во текот на денот. Транзитната Месечина е во вашето поле на љубов, забава, флерт, спорт, убави и лесни околности. Обидете се да ги искористите овие моменти максимално во контакт со луѓето што ги сакате.

СТРЕЛЕЦ

Полето на домот и семејството е нагласено со транзитот на Месечината, па секако ќе ви одговара да се посветите на семејството или едноставно да уживате во вашиот дом. Добро време е да се опуштите во друштво на некои драги луѓе.

ЈАРЕЦ

Месечината транзитира низ вашето поле на движење, соседство, кратки патувања, договори – затоа не заборавајте да го искористите овој ден за да бидете активни. Добра комуникација со сите со кои ќе стапите во контакт, затоа е добро време да се договорите со луѓето што сакате да ги видите.

ВОДОЛИЈА

Транзитната месечина е на полето на храната, парите и личните вредности, па затоа би требало да поминувате што повеќе време со оние што ги сакате. Малку сте хедонисти, па контактот со саканата личност ќе ви донесе некои несекојдневни и многу интензивни моменти.

РИБИ

Месечината денес транзитира низ вашиот знак, па дефинитивно сте подготвени да бидете во центарот на вниманието. Се чувствувате одлично, топли сте и отворени за оние со кои доаѓате во контакт, а денес е одличен ден за зајакнување на постоечката емотивна врска.

Треба да знаете
Последни објави