Search

ТРИДНЕВНА МЕТЕО АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Погледнете какво време не очекува од утре, па се до среда

Продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време во Македонија и во следните три денови, односно во периодот од понеделник до среда. Температурите остануваат рано-летни и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Само денес на повеќе места ќе биде ветровито, односно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а попладнето е можна појава и на сосема слаб, локален и краткотраен дожд (ништо сериозно). Во Скопје исто така продолжува стабилното, суво, топло и сончево време, со засилување на ветерот од северен правец до крајот на денешниот ден.

Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 28 степени.

Треба да знаете
Последни објави