Search

Пендаровски ја објави Програмата, на Силјановска Давкова се уште била во фаза на печатење

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вчера попладнде ја објави својата Програма за претседателските избори.

Програмата која се потпира на пет клучни точки има за цел да обезбеди поголема заштита на интересите на граѓаните, спроведување на целосен ветинг во правосудството но и политиката, унапредување на соработката со ЕУ институциите со цел побрза интеграција во Унијата, како и поголема грижа за обесправените и маргинализирани групи.

24инфо.мк за да направи споредба на заложбите на двајцата главни фаворити за влез во вториот круг се обиде да ја најде Програмата и на Гордана Силјановска Давкова.

Откако не успеавме да ја најдеме, се обративме до нејзиниот штаб со прашање каде може да ја најдеме Програмата на што добивме одговор дека таа е во фаза на печатање и дека јавноста ќе биде навремено информирана.

Македонската јавност речиси и да не памети кога кандидат за највисоката државна функција излегол да ја бара довербата од граѓаните без при тоа да излезе со соодветна програма за тоа кои ќе бидат неговите заложби за време на петгодишниот мандат, но ете, тоа е сега случај со кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Освен тоа што нема програма на Силјановска Давкова во првите неколку дена од кампањата и се забележува и тоа што на сопствените митинзи е ставена во подредена улога прво од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа и од носителите на пратенички листи во соодветните изборни единици.

Треба да знаете
Последни објави