Search

Израелската армија го повлече најголемиот дел од своите војници од јужниот дел на Газа

Израелската армија го повлече најголемиот дел од своите војници од јужниот дел на Газа, освен една бригада, изјави воен портпарол, цитиран од британските медиуми.

Армијата засега не соопштува повеќе детали.

Во јануари беше најавено дека Израелската влада планира да повлече дел од своите војници од Газа. Најголем дел од војниците кои се планираше да бидат повлечени доаѓаат од повеќе од 300.000 резервисти кои беа регрутирани за војната. Целта е да се „реенергизира“ израелската економија. Дополнително, ваквата одлука е дел од менувањето на фокусот на израелската офанзива кон попрецизни операции против Хамас.

Сепак, дел од повлечените војници, како што се наведе, нема да се вратат дома. Тие ќе бидат преместени на фронтот на границата меѓу Израел и Либан, каде Израел се подготвува за проширување на војната.

Треба да знаете
Последни објави