Search

Доколку сакате да избегнете дебелеење, практикувајте ги овие две навики наутро

Хронично воспаление и зголемувањето на телесната тежина се вообичаени проблеми кои можат значително да влијаат на нашето целокупно здравје и благосостојба. Воспалението е поврзано со различни здравствени проблеми, вклучително и дебелината, додека прекумерната тежина може да ги влоши воспалителните реакции во телото. Сепак, усвојувањето на едноставни утрински рутински навики може да биде ефикасна стратегија за здрав живот, намалување на воспалението и спречување на зголемување на телесната тежина.

Диететичарката и нутриционистка, Лиза Ендрјус, открила две такви навики.

1. Фокусирајте се на здравјето на цревата

Фокусирањето на здравјето на цревата е проактивна стратегија за борба против воспалението и спречување на зголемување на телесната тежина. Цревната микробиота игра клучна улога во регулирањето на имунолошката функција и воспалението низ телото.

Со започнување на денот со храна погодна за цревата, како јогурт богат со пробиотици (непреработен) или ферментирана храна како кимчи или кисела зелка, можеме да промовираме здрава рамнотежа на цревните бактерии кои, пак, помагаат да се намали воспалението.

Дополнително, вклучувањето на храна богата со растителни влакна, како што се овошјето,  зеленчукот и цели зрна во вашиот појадок, може да го поддржи дигестивното здравје и да промовира ситост, потенцијално помагајќи во управувањето со тежината.

„Грижата за вашиот цревен микробиом е важна за намалување на воспалението, заштита на вашиот имунолошки систем и спречување на зголемување на телесната тежина. Здравите јаглехидрати, како што се овесната каша или лебот од цели зрна, ги обезбедуваат потребните влакна за да ги нахранат вашите цревни бактерии. Некои од намирниците со најмногу антиинфламаторните ефекти вклучуваат овесна каша, бобинки и јаболка“, вели Ендрјус за SheFinds.

2. Истегнување

Лесните вежби за истегнување по будењето можат да ја подобрат циркулацијата на крвта, да ја намалат мускулната тензија и да промовираат флексибилност. Исто така, истегнувањето наутро може да го ублажи стресот и да го намали ризикот од воспаление. Нутриционистката тврди дека е докажано дека редовната физичка активност помага во регулирањето на воспалителните реакции во телото и поддржува регулација на тежината.

„Една студија за животни покажа дека истегнувањето може да го намали воспалението во сврзното ткиво. Ова може да помогне во контролата на тежината, бидејќи, ако немате болка, поголема е веројатноста да вежбате редовно, што може да го намали ризикот од зголемување на телесната тежина“, објасни таа.

„Една студија објавена во 2017 година покажува дека истегнувањето само 20 минути дневно го намалува воспалението“, заклучува Ендрјус.

Треба да знаете
Последни објави