Search

Двојна победа на Ред Бул на Ф1 трката во Јапонија

Макс Верстапен трета година по ред победи на патеката „Сузуки“ со време од 1:54:23.566.

Втор беше неговиот клубски колега Серхио Перез.

Третото и четвртото место ги освои тандемот на Ферари – Карлос Саинц и Шарл Леклер.

Трикратниот светски шампион на тој начин ја забележа 57. победа во кариерата, а 20. на последните 22 трки.

На овој начин го забележа третиот триумф сезонава и се погрижи да биде на највисокото скалило на подиумот на секоја трка што ќе ја заврши.

Перез ја мина целта 13 секунди зад Верстапен, додека Саинц доцнеше околу осум секунди.
По нив следуваа Леклерк и Ландо Норис (Мекларен), додека најдобар меѓу останатите беше Фернандо Алонсо во Астон Мартин.

Седмото место го зазеде Џорџ Расел во Мерцедес, бидејќи во самиот финиш го престигна возачот на Мекларен Оскар Пјастри.

Првите десет, а воедно и освојувачите на поени ги комплетираа седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон (Мерцедес) и миленикот на локалната публика Јуки Цунода (РБ).

Следната трка на програмата е на 21 април за Големата награда на Кина.

Треба да знаете
Последни објави