Search

(Видео) Фенербахче со јуниори излезе на финалето од Суперкупот против Галатасарај, па се повлече од теренот во првата минута!

Фенербахче се закануваше со излегување од првата турска фудбалска лига поради инцидентните сцени во Трабзон, кога беа жртви на физички насилство по завршувањето на натпреварот кој го добија (2:3), но сепка до таков радикален чекор не дојде. Но, затоа челниците на клубот задно со играчите се решија за несекојдневен чекор. Клубот најави дека денеска ќе излезе ревијално на финалниот меч од Суперкуп против Галатасарај. Тимот во стартната постава излезе со сите јуниори, а по првата минута следеше напуштање на теренот. Мауро Икарди постигна гол во првата акција на мечот, а веднаш после тоа, јуниорите на Фенербахче го напуштија теренот и тука беше означен предвремен крај на финалето. Повеќе од јасно е дека Галатасарај службено ќе го добие овој меч, но Фенербахче со овој потег испрати силна порака која беше поздравена и од Икарди. Револтот кај челниците на Фенербахче датира од срамните сцени во Трабзон, но и поради фактот што турската Федерација одби да го одложи Суперкуп финалето против Галатасарај.

Треба да знаете
Последни објави