Search

ТОА ШТО ВО МОМЕНТОВ ГО ЦРТААТ ПРОГНОСТИЧКИТЕ МОДЕЛИ ЗА ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД ОВОЈ МЕСЕЦ ВООПШТО НЕ Е ДОБРО: Дали доцните зимски продори допрва ни доаѓаат?!

Метео анализа на Славчо Попоски:

Јас постојано ја следам состојбата со прогностичките модели околу можните касни зимски продори од средината, како и во втората половина на овој месец на Балканот, вклучувајќи ја секако и нашата Македонија.

Според она што моментално е достапно на истите, тоа е пообилен снег на планините и формирање на снежна покривка во регионот, како и на планинските места во Македонија, но и голем пад на температурите на воздухот кој ќе бидат потпросечни за месец Април. Сето ова е поради можниот продор на ладен воздух од северот и од северозападот на Европа кон нашите краишта, веднаш по 15 април.

Дури можно е снежната граница да се спушти понекаде и во пониските места во регионот (градовите). Што се однесува до времето до среда, уживајте во прекрасното стабилно, суво, сончево и летно топло време со високи температури на воздухот за овој период од годината, кој во најтоплите централни и југоисточни предели ќе се искачат и до околу 30 степени.

Треба да знаете
Последни објави