Search

Името го добила по една негова песна – ќерката на Ковачевски се запозна со познатиот српски пејач

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва заедно со неговата сопруга и ќерка присуствуваше на концертот на големата српска и балканска музичка легенда, Момчило Бајагиќ Бајага.

Семјството Ковачевски се фотографираше со Бајага а со него се запозна и ќерката Тамара, која своето име како што дознава 24инфо.мк, го има добиено токму по познатиот хит „Тамара“ кој се најшол на првиот албум на Бајага „Позитивна географија“ издаден далечната 1984 година.

Годинава Бајага одбележува 40 години од својот прв албум а песната „Тамара“ како и многу други негови композиции се слушаат и ден денеска и им се познати на многу генерации.

Треба да знаете
Последни објави