Search

Во пожар под Скопско кале зафатени пет автомобили, при крај интервенцијата на пожарникарите

Пет патнички возила се зафатени со пожарот што избувна попладнево на поранешниот полигон за полагање возачки испити под Кале, а во неговото гаснење се вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари, изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Томевски вели дека интервенцијата на пожарникарите е при крај.

Пожарот е локализиран и спречено е ширење на соседните возила. Причинета е само материјална штета, рече Томевски.

Треба да знаете
Последни објави