Search

Јакимовски ги прашува кандидатите што се за внес на Бугарите во Уставот да кажат дали Гоце Делчев е Македонец?

Денеска претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски беше во посета на Гостивар каде со граѓаните разговараше на повеќе актуелни теми и проблеми со кои тие се соочуваат.

Коментирјќи ги постапките на другите кандидати, Јакимовски се осврна на ставот на кандидатот Максим Димитриевски за внесувањето на Бугарите во Уставот,

„Еден од противкандитите, од слободарско Крушево порача дека тој ќе гласа за промена на Уставот во рок од 200 дена и сега се виде дека господинот Максим Димитриевски е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Јас не случајно претходно реков кога Мицкоски велеше дека опозиција на опозиција сме биле јас и Ванковска, но што останува со тој третиот кандидат? Еве каде се криел зајакот. Јас сакам да го прашам господинот Димитриевски и сите што се залагаат за промена на Уставот и влез на Бугарите во Уставот: Кажете им на граѓаните, дали Македонците се нација од 1944 година? Дали македонскиот јазик е наречје на бугарскиот јазик и дали Гоце Делчев, Јане Сандански и другите македонски дејци се македонски дејци или се Бугари по род како што тоа го тврди бугарската историграфија?“ изјави Јакимовски по средбата со граѓаните, додавајќи дека не се работи само за внес на Бугарите во Уставот, туку на цело рекомпонирње на нашиот иденттет, на нашиот јазик на нашиот и нашат историографија.

Јакимовски порача и дека од граѓаните добил жалби за лошиот квалитет на живот и дека и во Гостивар исто како и во Тетово, Крива Паланка, Битола, младите се иселуваат а Македонија се празни, а сето тоа е поради што граѓаните не сакаат да гледаат како државата поданички се однесува кон други држави

Треба да знаете
Последни објави