И утрово тешко се вози низ низ Скопје и ретко кој успеа да стигне до потребната дестинација.
Делот на булеварот Илинден пред зградата на Владата е затворен во двата правци а сообраќајот се пренасочува кон околните сообраќајници.
Делот од „Илинденска“ беше затворен ненадејно вчера попладне затоа што се поставува бина за претстојниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што се одржува вечерва, па така со сигурност градот и попладнево ќе биде сообраќајно блокиран.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/04/6c2500d2-be3d-418f-bf0e-951ba215f635-576x1024.jpg)
Како изгледаа гужвите вчера може да погледнете на следново видео.