Search

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ останува прислужник на злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анкети 

Денешното ВМРО-ДПМНЕ е старото ВМРО-ДПМНЕ. Старо, авторитарно, манипулативно со безобразни, криминални и диктаторски манири и обиди да воспостават контрола врз јавното мислење и врз слободата на граѓаните за самостојна определба на претстојните избори, истакна вицепремиерот и член на СДСМ, Бојан Маричиќ за анкетите на МРТ.

Според него, лажните анкети и лажните вести се креираат во подрумите на Белата палата.

-Скандал од груевистички размери е најблагиот опис за разоткриената шема за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите објавени на МТВ, како и за пласирање лажни вести како една од централните активности на нивниот оперативен план. Гледаме дека пропагандата и дезинформациите, што како алатки ги користеше Никола Груевски, сега и ги прифатил и ги спроведува Христијан Мицкоски. Со тоа партијата ВМРО-ДПМНЕ останува прислужник на злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анкети и со тоа сакаат да ги надоместат сериозните недостатоци во нивната изборна програма и немањето план за европска иднина на земјата, објави Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави