Search

Државната секретарка во МВР учесник на Министерски состанок во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Државната секретарка во Министерството за внатрешни работи и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе, м-р Магдалена Несторовска, денеска учествуваше на Министерскиот состанок што се одржа во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа на тема „Трендови и предизвици во регионалната безбедносна соработка во регионот на ЈИЕ низ призмата на организираниот криминал со акцент на криумчарењето на мигранти и трговија со луѓе и нејзино натамошно унапредување.”
Во своето обраќање како Национална координаторка ја претстави работата на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, ги сподели активностите, искуствата и добрите практики во однос на справувањето со ова кривично дело, состојбата во државата и соработката со државите во регионот.
„Нашите држави делат исти предизвици во многу области, а оттука нè врзуваат и многу заеднички активности. Воспоставувањето на мрежите за соработка, како што е нашата, дополнително и позитивно допринесе и за јакнење на националните системи во борбата против трговијата со луѓе, преку размена на добри пракси и научени лекции. Склучувањето на билатералните договори со земјите во регионот не смее да застане, и мора да се надгради, со други заеднички форми на соработка во регионот, особено за интензивирање на соработката во превенцијата и спроведување на заеднички кампањи специфични и препознатливи за регионот.
Свесни сме дека единствено така, преку градење и имплементација на заеднички регионални иницијативи ќе создадеме цврсти темели и ќе придонесеме кон одлични резултати.„- рече во своето обраќање Несторовска.

Треба да знаете
Последни објави