Search

Пукање во училиште во Финска: Има повредени

Рано утрово во областа Виертола, во градот Вантаа во Финска дошло до пукање во училиште, при што се повредени неколку лица, а како што пренесуваат финските медиуми меѓу нив има и три деца.

Осомничениот е уапсен во брза полициска акција во близина на училиштето, се наведува во соопштението за печатот на финската полиција.

Се наведува дека напаѓачот е малолетник.

„Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да се држат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите да не се отвораат за непознати лица“, се вели во полициското соопштение.

Очевидец, кој случајно се нашол во близина на училиштето на неговото работно место, го слушнал пукањето, за кое мислел дека е нешто друго.

„Не знаев дека е пукање. Потоа се слушна страшен крик и неколку деца истрчаа од дворот“, рече тој.

Случајниот минувач најпрвин не можел да ги поврзе детските врисоци што се слушале во училишниот двор со пукањето. Дури кога во дворот пристигнала вооружена полиција, сфатил дека нешто страшно се случува.

Тој наведува дека екипите биле многу брзо на теренот, две минути по пукањето.

Тоа е училиште со повеќе од 800 ученици.

Треба да знаете
Последни објави