Search

Без вода утре ќе бидат делови од Љубанци и Центар

ЈП Водовод и канализација-Скопје известува дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 100мм. во с.Љубанци под резерварот со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од с.Љубанци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. Исто така утре поради изведување на приклучок од Ф-80 мм на ул.Јосиф Јосифовски Свештарот бр.33 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Ј.Ј.Свештарот, Стив Наумов, Тетовска, П.С.Пролет и дел од ул.Пролет.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до санирање на дефектот.

Треба да знаете
Последни објави