Search

Седлоски и Работнички ја прекинаа соработката спогодбено

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички спогодбено ја заврши соработката со тренерот Гоце Седлоски. Со него од клубот заминуваат и пом ошниците Тони Мегленски и Сашко Поповски. Нофицијално тимот продолжува да го води Горан Станиќ, кој беше преодно решение и кога замина Милан Илиевски, кого го наследи Седлоски. Работнички во неделата загуби од АП Брера, што беше четврти пораз во серија за „романтичарите“ и очигледно момент кој го запали црвеното светло кај одговорните во скопскиот клуб, кој од кандидат за врвот се доведе во ситуација да се бори за опстанок. Во пресрет на важното гостување кај Воска, Работнички има само три бода повеќе од Македонија Ѓорче Петров, екипата која се наоѓа на претпоследното место на табелата и е дел од опасната зона.

Треба да знаете
Последни објави