Search

Средба на Пендаровски со шефицата на Набљудувачката мисија за изборите на ОБСЕ/ОДИХР Џилиан Стирк

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните активности на мисијата, составена од 12 меѓународни експерти, 20 долгорочни, како и 300 краткорочни набљудувачи кои ќе пристигнат во државата еден ден пред гласањето.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека државата ќе организира фер и демократски изборен процес, со високи стандарди, во согласност со очекувањата од земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави