Search

МЕТЕО НАЈАВА: Поради преместување на Атмосферски фронт од север, во текот на претстојната ноќ во Македонија повремени удари на ветер од над 60 км/час

Поради преместување на поладен Атмосферски фронт од север, во текот на претстојната ноќ се очекува да биде и ветровито, со повремени удари на ветер од јужен и од југозападен правец од над 60 км/час. Секако овие удари ќе бидат локални (нема да ги има насекаде).

Утре претпладне ќе има услови и за појава на локален краткотраен дожд, со што потоа следува повторно стабилно и суво време насекаде низ Македонија. Температурите ќе бележат тенденција на мало опаѓање, што значи дека  и покрај ова тие ќе бидат релативно високи.

И утре ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од југозападен правец.

Треба да знаете
Последни објави