Search

Листата на притворени за нападот на „Крокус“ се зголеми на десетмина

Басманскиот суд во Москва му одреди притвор до 22 мај на десеттото лице, државјанин на Таџикистан, вклучено во терористичкиот напад на салата Крокус, пренесува РИА Новости. Според информациите, станува збор за Јакубјони Јусуфзода, кој, како што соопшти Рускиот истражен комитет, неколку дена пред терористичкиот напад префрлил пари на соучесник преку неговата банкарска картичка „за да обезбеди сместување за терористите“. Дел од средствата му префрлил на еден од сторителите по терористичкиот напад. Јусуфзода за време на рочиштето рече дека работел како дневен работник на градилиштето. Главниот дел од судењето беше затворен за јавноста на барање на истражителите. Сите десетмина уапсени се обвинети дека извршиле терористички напад во кој имало смртни случаи, за што според рускиот кривичен законик е предвидена казна доживотен затвор. Јусуфзода беше уапсен на 26 март и му беше одреден 12 дневен притвор поради непочитување на полициските наредби при проверка на документи. Во терористичкиот напад на Крокус на 22 март, според последните податоци на Министерството за вонредни состојби, загинале 144 лица.

Треба да знаете
Последни објави