Search

Интер се доближи на три чекори до „скудетото“

Интер во 30. коло од италијанската фудбалска Серија А прокнижи очекувана победа и нови три бода во дуелот со Емполи (2:0) и уште три триумфи го делата од официјална промоција од освојување на „скудетото“. Триумфот вечерва на „Џузепе Меаца“ против Емполи посебно ќе му значи на тренерот Симоне Инѕаги кој вечерва одбележа јубилејна 100 победа како тренер на Интер, на својот 150-ти официјален меч. Интер одигра онолку колку му беше потребно да ги освои бодовите. Димарко и Алексис Санчес со по еден погодок во првото, односно второто полувреме ја заврши работата за Интер. Со новите три бода, Интер повторно се врати на плус 14 од градскиот ривал Милан.

Треба да знаете
Последни објави