Search

Жичницата на Водно од утре со продолжено работно време, од 10 до 18 часот

Жичницата на Водно од утре, вторник (2.04.2024 год), ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот, соопшти ЈСП Скопје.

Согласно возниот ред за април, последно возење од долу кон врвот е од 17:00 до 17:30 часот, а последно возење од врвот надолу е во 17.45 часот.

Од ЈСП потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за жичницата се неработни денови.

Треба да знаете
Последни објави