Search

Филмски грабеж со автомобил во маркет во Црниче !

Филмски грабеж се случил ноќеска во маркет на улица „Востаничка“ во населбата Црниче, кога арамиите со автомобил влетале внатре го товариле сефот и заминмале во непознат правец. Демолирани билче влезните врати и излозите на маркетот. Според првичните информации, грабежот е извршен со црвен автомобил од типот караван, кој влетал во влезната врата. Алармот се запалил, но тоа не ги испишманило арамиите кои го земат сефот. -На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било  пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Треба да знаете
Последни објави