Search

Почина Мустафа Јашар актер од Турскиот театар во Скопје

На 77- годишна возраст почина Мустафа Јашар, еден од доајените на Турскиот театар од Скопје. Тој целиот работен век во помина во Турскиот театар, каде одигна многубројни улоги. За ликот на Креонт од претставата „ Антигона“, Јашар беше награден за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивалот на античка драма „ Стоби“ во 2003 година. Ја освои наградата за епизодна улога „ Димче Трајковски“, на МТФ „ Војдан Чернодрински“ во Прилеп , 2005 година. Истиот фестивал му додели награда за животно дело, 2014 година. А, беше и лауреат на наградата Јуџел во 2020 година. Кариерата на Мустафа Јашар паралелно течеше на филм и на телевизија, каде од втората половина на 70- тите години на минатиот век до минатата година одигра педесетина улоги во тв серии, играни  и тв филмови. Меѓу нив се : „ Итар Пејо“, „ Време води“, „ Црвениот коњ“, „Јужна патека“, „ Среќна нова 49“, „ Балканот не е мртов“, „ Трето полувреме “ и др. Мустафа Јашар ќе биде погребан утре во 13 часот на градските гробишта во Бутел.

Треба да знаете
Последни објави