Search

Нетанјаху повика Кнесетот да усвои закон кој дозволува затворање на странски медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го повика Кнесетот на вечерашната седница да го усвои таканаречениот закон „Ал Џезира“, со кој неговата влада ќе добие овластување да затвора странски медиуми. Во соопштението на партијата Ликуд на Нетанјаху, се наведува дека премиерот разговарал со шефот на партиската пратеничка група Офир Кац и побарал од него да обезбеди усвојување на овој закон во Парламентот, пишува „Тајмс оф Израел“. Нетанјаху му ветил дека по усвојувањето на законот „веднаш ќе реагира и ќе нареди затворање на Ал Џезира“. Доколку биде усвоен, законот ќе им даде на израелскиот премиер и министерот за комуникации овластување да наредат затворање на странските медиумски мрежи кои работат во Израел и конфискација на нивната опрема доколку се утврди дека претставуваат „опасност за државната безбедност“. Предлог-законот во февруари годинава го помина првото читање на пленарната седница на Кнесетот, а по продолжена расправа во собраниската Комисија за национална безбедност беше одобрен за второ и трето читање. Нетанјаху моментално е во болница, откако синоќа му беше оперирана хернија.

Треба да знаете
Последни објави