Search

(ВИДЕО) Во Истанбул победата на опозицијата се славеше и со „Утро е“ на Нада Топчагиќ

Поддржувачите на Републиканската народна партија ја прославија победата на изборите за градоначалник во Истанбул со песната на Нада Топчагиќ „Утро е“.

Актуелниот градоначалник на Истанбул и кандидат на Републиканската народна партија Екрем Имамоглу прогласи победа на изборите за градоначалник во најголемиот град во земјата, а победата се прослави низ градот.

Како што пренесуваат медиумите, во една од централните улици на Истанбул е испеана добро познатата песна „Утро је“ од Нада Топчагиќ, која пред неколку години на Сан Ремо ја изведе и познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ.

Снимката со славењето е создадена во дел од градот наречен Јилдирим Махала, но се нарекува и Балканска Махала бидејќи повеќето од 200.000 жители на населбата имаат балкански корени, па затоа не е чудо што може да се слушне песна стара речиси 35 години.

Треба да знаете
Последни објави