Search

Бен Гвир го обвини Галант за загрозување на животите на војниците во Газа

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, денеска го обвини израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, дека непотребно ги загрозува животите на војниците во Газа. Од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара да покрене истрага против Галант. Во писмото до Нетанјаху, Бен Гвир наведе дека родителите на израелските војници му рекле дека нивните деца биле принудени да спроведуваат конкретни операции во Појасот Газа за да се минимизира штетата на инфраструктурата изградена од Катар во палестинската енклава, што, како што истакна тој, го зголеми ризикот за војниците, објави „Тајмс оф Израел“. Бен Гвир во писмото наведува и дека војниците во Појасот Газа имаат задача да го победат Хамас и да ги ослободат заложниците, а не, како што рече, да им се додворуваат на меѓународните медиуми.

Треба да знаете
Последни објави