Search

„Адидас“ го повлекува германскиот дрес со број 44 поради сличност со нацистички ознаки

Новите дресови на германската репрезентација предизвикаа голема дискусија веднаш откако беа претставени во јавноста. Некои сметаа дека пепрезентацијата не треба да се натпреварува во розова опрема, а други ја сметаа светлата боја на дресовите храбра и убава.

Во тие розови дресови Германците ја победија Холандија со 2-1.

Возбудата за розовиот дрес стивна, но се појавија нови маки околу дресовите за ЕП.

Според „Билд“, „Адидас“ одлучил да ја откаже понудата и производството на дресови со бројот 44 испечатен во онлајн продавницата.

Според дизајнот на фонтот, овој број премногу потсетува на забранетите ознаки на СС од нацистичка Германија.

Треба да знаете
Последни објави