Search

Тухел предвреме му честита шампионска титула на Баер Леверкузен

Актуелниот германски фудбалски првак Баерн Минхен се предаде во трката за одбраната на титулата, откако за прв пат во последните 10 години загуби на свој терен и тоа од Борусија Дортмунд (0:2). По овој пораз на Баерн Минхен и победата на лидерот Баер Леверкузен против Хофенхајм, разликата меѓу водечкиот двоец се зголеми на 13 бодови. До крајот на првенството има уште седум кола и теоретски трката за шампионската титула не е завршена, а тренерот на Баерн, Томас Тухел по поразот не верува дека може да се случи чудо. -Честитки за Баер Леверкузен за освоената титула ! По поразот од Бороусија не ни преостанува друго, рече Тухел. По одиграни 27 кола Баер Леверкузен освои 73 од можните 81 бод и неверојатно е дека тимот предводен од тренерот Чаби Алонсо ќе пропушти шанса до крајот на шампионатот да освои уште девет бодови и прв пат во клупската историја да прослави титула. -Не сум професор по математика и не сум добар во пресметките, но да бидам искрен ќе биде нереално да се надеваме на титулата, вели ветеранот Томас Милер кој со Баерн освои вкупно 12 шампиони пехари од кои 11 во низа.

Треба да знаете
Последни објави