Search

НАЈАВА ЗА ТОПОЛ ВЕТЕР ОД ЈУЖЕН ПРАВЕЦ (НАД 60 КМ/ЧАС): Токму ова ќе придонесе за уште поголем транспорт на Сахарска прашина и песок кај нас

Утре и во вторник во Македонија ќе започне да дува топол ветер од јужен, а во вторник од југозападен правец. Повремено ветерот ќе биде со засилен интензитет (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Токму ова ќе придонесе за уште поголем транспорт на Сахарска прашина и песок над Македонското небо. Времето ќе биде многу мачно и спарно, а температурите утре и понатаму ќе бидат многу високи за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени.

Во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можеле понекаде да достигнат  и до, па и над 30 степени.

Мало опаѓање на температурите, но и кратка  и локална дестабилизација на времето очекуваме во вторник претпладне, кога е можна појава на локален краткотраен дожд кај нас.

Треба да знаете
Последни објави